• среда, 19 февруари 2025

Активности од кампањата ,,Вози безбедно, вози со љубов" во Делчево

Активности од кампањата ,,Вози безбедно, вози со љубов

Делчево, 15 февруари 2025 (МИА) - Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево, во координација со МВР ОВР Делчево, се приклучи кон кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) – „Вози безбедно, вози со љубов!“

Во рамки на оваа кампања на неколку локации на патната мрежа во Делчево на учесниците во сообраќајот им беа поделени едукативни материјали изработени од РСБСП, со укажување на важноста од совесно и одговорно учество во сообраќајот.

-Воедно, во кафулињата низ градот од страна на Советот за млади на Општина Делчево беа дистрибуирани едукативни материјали со пораки за безбедно учество во сообраќајот до младите лица. Целта на оваа еднодневна кампања е превентивно делување и подигнување на сообраќајната култура, информираа од  Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево.

Во таа насока, ОСБСП Делчево делеше едукативни флаери со повеќе совети до учесниците во сообраќајот.

-Алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности на возачите и ја намалува нивната способност за брзо и ефикасно дејствување во случај на непредвидни ситуации и закани во сообраќајот. Доколку пиете алкохол – НЕ управувајте со моторно возило; Во патнички автомобил, на предното седиште НЕ СМЕЕ да се превезува лице кое очигледно е под дејство на алкохол; Возачот НЕ СМЕЕ да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол; Кај професионалните возачи и возачите почетници НЕ Е ДОЗВОЛЕНО никакво количество алкохол во крвта- беа само дел од советите до возачите.

Безбедноста во сообраќајот, како што беше потенцирано во соопштението до јавноста, е заедничка одговорност на сите учесници во сообраќајот. вс/хс/ 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан