Активен е пожарот на армискиот полигон Криволак
- Активен е пожарот на армискиот полигон Криволак, информираше вечерва неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

Неготино, 18 јули 2024 (МИА) - Активен е пожарот на армискиот полигон Криволак, информираше вечерва неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
-Густиот чад кој е над Неготино доаѓа од пожарот кој беснее на Армискиот полигон Криволак. Имајќи предвид дека станува збор за специфичен терен на кој пожарникари и цивилни лица немаат пристап да интервенираат, пожарот го гаснат припадници на Армијата на Република Македонија, напиша Стојанов на Фејсбук.свд/бт/
Фото: МИА Архива