• сабота, 23 ноември 2024

Адора Инженеринг: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ АД ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

Адора Инженеринг: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ АД ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот
Скопје, 4 октомври 2022 Менаџментот на Адора инженеринг доби цврсти гаранции од ЕСМ АД дека во најбрз можен рок, според сите домашни законски прописи ќе почне постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе и бидат исплатени долговите настанати во изминатата година по основ на закуп и амортизација на топланите. Адора Инженеринг во интерес на граѓаните склучи краткорочен договор за закуп на топланите Исток и Запад со ЕСМ АД, кој важи од денеска до 30 април 2023 година, кој е на штета на компанијата од 550.000 евра на годишно ниво. Адора Инженеринг со фактот што ги прифати условите за закупнина од страна на ЕСМ АД дава огромен придонес, односно изврши еден вид субвенционирање на топлинската енергија за ублажување на енергетската криза во земјава. Адора Инженеринг _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан