• сабота, 23 ноември 2024

АДКОМ: ЈКП да влезат во владиниот пакет за субвенционирана електрична енергија

АДКОМ: ЈКП да влезат во владиниот пакет за субвенционирана електрична енергија
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги во кое членуваат повеќе од 90 jавни комунални претпријатија, соопшти дека е непријатно изненадено и разочарано од одлуката на Владата со која ЈКП не влегоа во пакетот за субвенционирана електрична енергија. - ЈКП очекуваа Владата да ги исполни своите најави дека, во интерес на граѓаните и тие ќе влезат во овој пакет мерки. АДКОМ веќе излезе со последно предупредување и барање, Владата да им помогне да ја надминат енергетската криза. Сега останува најнепосакуваното решение – повисоки сметки за вода и комунални услуги со што ќе се удри по џебот на граѓаните. Од ЈКП уште еднаш предупредуваат дека постои опасност над милион граѓани да останат без вода за пиење, а 15 илјади вработени без работа, се наведува во соопштението. АДКОМ, како што се посочува, бара Владата да докаже дека има слух за интересите на граѓаните и да излезе во пресрет на барањата на Јавните комунални претпријатија.са/дма/

Остани поврзан