• среда, 27 ноември 2024

Адетокумбо: Сите заедно да играме одбрана против невидливиот противник, Ковид-19

Адетокумбо: Сите заедно да играме одбрана против невидливиот противник, Ковид-19
Атина, 18 декември 2020 (МИА) – Победите тргнуваат од одбраната. Ова ќе ти го кажат сите тренери во светот. Еден играч, може да е најдобриот играч во светот, да биде МВП, но сам не можеш да сториш ништо, потребно е сите заедно, вели грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо на почетокот од едноминутното видео кое на социјалните мрежи го објави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а во кое најкорисниот играч во НБА лигата преку кошаркарска терминологија, испраќа порака за заштита од коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. -Еден да не игра, ќе загубиме сите. Во животот научив да го гледам противникот во очи, но прв пат во животот играм со противник кој е невидлив, не го гледам, но постои. Така гледам на вирусот, на ковид. Сега треба да играме одбрана, порачува Адетокумбо и вели дека не знае многу работи бидејќи има 25 години и е кошаркар, но, она што го знае е дека „оние кои што ги сакаме се нашиот терен, животот е нашиот терен, а на наш терен правиме сѐ што е потребно и победуваме“. -И на крај сите ќе бидеме МВП, порачува Јанис. Видеото на грчката влада со популарниот „greek freak“ завршува со пораката: „Ги спроведуваме мерките, играме подобра одбрана“. Грчкиот премиер, објавувајќи го видеото напиша дека за време на празниците „продолжува битката за здравјето“, му се заблагодари на Адетокумбо што е протагонист во видео пораката и истакна дека и тој се согласува со неговите зборови дека „сите заедно играме одбрана“.ср/

   

Остани поврзан