• вторник, 24 декември 2024

Адвокатот на Бензема за интимната снимка: Од мува направивте слон, Валбуена му завидува на мојот клиент

Адвокатот на Бензема за интимната снимка: Од мува направивте слон, Валбуена му завидува на мојот клиент
Париз, 21 октомври 2021 (МИА) - Силвен Кормие, адвокат на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема во случајот со уценување на играчот од средниот ред Матје Валбуена со интимно видео, го коментираше текот на судењето. - Мојот клиент не е тука затоа што неодамна играше во Украина. Сега се подготвува за настап против Барселона. Во такви не може да присуствува на тридневното судење. Ако судот го оцени ова оправдување за неважечко, ќе бевме информирани. Нашата визија за ситуацијата е едноставна. Од мува се направи слон. Одредени фрази што мојот клиент можеби му ги кажал на пријател преку телефон се преувеличуваат. Сè што Бензема сакаше да направи е само да го заштити својот соиграч, да понуди помош без да води сметка што ќе произлезе од тоа. Видовме дека Валбуена ги повторува истите фрази како робот. Да дојдеш и да кажеш дека Бензема зборувал за финансиска компензација е смешно. Тој зборува огорчено и кај него има завист затоа што го исфрлија од составот и никогаш не се врати во репрезентацијата, а Карим е на врвот на светскиот фудбал, изјави адвокатот на Бензема. Истражителите се сомневаат дека Бензема дејствувал како посредник во 2015 година, поттикнувајќи го Валбуена да им плати на уценувачите да не објавуваат интимно видео од Матје. Доколку се докаже дека Бензема е виновен, би можел да биде казнет со пет години затвор и да плати казна од 75.000 евра. Двајцата играчи поради ситуацијата со уцена не беа вклучени во француската репрезентација на Европското првенство 2016. Бензема после тоа не беше повикан во репрезентацијата до 2021 година, го пропушти и Мундијал 2018 година на кој Франција го освои трофејот. зс/

Остани поврзан