Автобус на ЈСП Скопје се запали во Бутел
- Противпожарната бригада на град Скопје со едно возило интервенираше и го изгасна пожарот на запалениот автобус на ЈСП Скопје на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во населбата Бутел.

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) – Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запалил во скопската оштина Бутел по што интервенирала Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Оттаму информираат дека интервенирале со едно возило и го изгаснале пожарот на запалениот автобус на ЈСП на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во населбата Бутел.
Станува збор за автобус ЛАЗ од украинско производство. вј/бак/
Фото: МИА архива