• недела, 27 април 2025

Австралискиот премиер планира наскоро да распише избори

Австралискиот премиер планира наскоро да распише избори

Канбера, 27 март 2025 (МИА) – Премиерот на Австралија Ентони Албанезе денеска изјави дека планира „наскоро“ да распише избори.

Тригодишниот мандат на владата значи дека Австралија мора да одржи избори најдоцна до 17 мај, а анкетите покажуваат неизвесна трка во која опозициската Либерално-национална коалиција има мала предност во однос на владејачката Лабуристичка партија.

Изборите ќе бидат во мај, тоа можам да ви го гарантирам. И ќе бидат распишани многу наскоро, рече Албанезе за радио станицата „Трипл М“.

Локалните медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, јавија дека Албанезе утре ќе го посети генералниот гувернер во Канбера за официјално да ги распише изборите, а националното гласање ќе се одржи на 3 мај. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан