• вторник, 24 декември 2024

АВМУ: На новинар не му било дозволено да снима прилог во село Пирок, институциите да овозможат пристап до бараните информации на медиумските претставници

АВМУ: На новинар не му било дозволено да снима прилог во село Пирок, институциите да овозможат пристап до бараните информации на медиумските претставници

Скопје, 18 април 2024

 

ТВ Ускана Медија ја информираше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дека на новинар на оваа телевизија не му било дозволено да снима прилог во врска со бројот на ученици и вработени во Основното училиште Наим Фрашри од село Пирок, Општина Боговиње.

Агенцијата потсетува дека институциите треба да бидат отворени и транспарентни и да вложат максимални напори на претставниците на медиумите да им овозможат непречен пристап до бараните информации.

Медиумските работници при вршењето на својата работа која е од јавен интерес, треба да се ослободени од какви било закани и заплашувања додека истовремено треба да покажат професионална одговорност и да ги почитуваат етичките и новинарски принципи и стандарди при известувањето.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан