• вторник, 23 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Авионско прскање против комарци во Делчево утре

Авионско прскање против комарци во Делчево утре

Делчево, 11 јули 2025 (МИА) – Во раните утрински часови утре на територијата на Општина Делчево ќе се спроведе авионско третирање против возрасни комарци, информираат надлежните од локалната самоуправа.

Прскањето ќе се врши со препаратот CICERON 2.ULV – широкопојасен инсектицид со еколошки карактеристики, одобрен од Бирото за лекови. Третманот ќе го изврши економскиот оператор „Аероклуб Скопје“, избран преку јавна тендерска постапка.

Од Општината апелираат до пчеларите во регионот да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелните семејства, со затворање на кошниците во текот на третирањето и најмалку 3 до 4 часа по неговото завршување, поради можност од влијание на средството врз пчелите.

Надлежните уверуваат дека третманот се спроведува во согласност со сите прописи за заштита на животната средина и јавната здравствена безбедност.вс/ар

Фото:Општина Делчево

Остани поврзан