Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци в петок и сабота во Скопје
- Се советува пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, ќе се реализира в петок и сабота во раните утрински часови. Информацијата е објавена на веб-страницата на Град Скопје.
- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, пишува на веб-страницата.
Се советува пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите. бд/са/
Фото: Град Скопје