• вторник, 24 декември 2024

АВАЈА, нова политичка партија на Ромите

АВАЈА, нова политичка партија на Ромите

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - На македонската политичка сцена од неодамна има нова партија на Ромите – АВАЈА, која до ДИК поднесе листи за кандидати за пратеници за изборите на 8 мај во изборните единици 3,4,5 и 6. 

Претседател на АВАЈА е Акиф Кариман, додека за генерален секретар е избран Елвис Мемети.

-АВАЈА не се формираше како резултат на фрустрација и очај, туку како резултат на верба и одлучност да покажеме дека политиката може да биде место и за добри и чесни луѓе, која ги крева граѓаните. Тука сме затоа што сакаме да бидеме мост кој ги поврзува граѓаните со структурите на моќ и донесувањето одлуки. АВАЈА е тука за да ја врати моќта кај граѓаните, да им даде глас и можност сите да учествуваат во донесувањето одлуки кои ги засегаат нивните животи, објаснува Кариман. ев/дма/

 

Фото: АВАЈА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан