• петок, 22 ноември 2024

Абрамович одбил да го купи Тотенхем

Абрамович одбил да го купи Тотенхем
Лондон, 13 април 2020 (МИА) - Роман Абрамович одбил да купи акциите на Тотенхем непосредно пред да стане сопственик на Челси. Поранешниот извршен директор на „сините“, Марк Тејлор го откри ова. Тој раскажа како рускиот бизнисмен имал средба со претседателот на Спарси, Даниел Леви, еден ден пред да се сретне со поранешниот шеф на Челси, Кен Бејтс. Леви му понудил 29,9 проценти од акциите на Тотенхем, а Абрамович барал мнозински удел. - Важен момент беше кога Кен се запозна со Роман и тој беше сосема јасен дека сака контрола. Претходниот ден се сретна со Даниел Леви, кој се обиде да му продаде 29,9 проценти од Тотенхем, но тој не сакаше сличен удел“, рече Тејлор. Абрамович го презеде Челси во јуни 2003 година и веднаш инвестираше големи суми, со што клубот стана главен играч во Англија и Европа. - Челси бараше инвеститори 18 месеци и имаше многу состаноци со луѓе кои го трошеа нашето време, а Роман се чинеше сериозен. Никој навистина не го познаваше. Неговите адвокати донесоа број од списанието „Форбс“, каде мислам дека тој беше 15-ти по богатство и тоа беше добра почетна точка, рече поранешниот менаџер на „Стемфорд Бриџ“. Една од причините што на Абрамович му се допаднал Челси е тоа што клубот бил во добра форма. Имаше релативно нова база, што му било многу важно. - Ние го склучивме договорот во вторникот вечерта околу 9,30 часот. Тогаш беше предоцна да ги префрлат парите. Роман ги исплати следниот ден. Беа загрижени во банка откако добија трансфер од 60 милиони фунти на мојата лична сметка. Потоа се јавив на Кен Бејтс велејќи: „Јас само сакам да се збогувам“, и тој рече: „На што мислиш?“ му кажав: „Добив 60 милиони на сметката и сум во такси на пат кон аеродромот“. Тој не го прифати тоа за многу смешно на почетокот, раскажа уште тој за тоа што се случило пред 17 години.

Остани поврзан