• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Абот: Во поплавите во Тексас загинаа 109 луѓе, а најмалку 161 се водат како исчезнати

Абот: Во поплавите во Тексас загинаа 109 луѓе, а најмалку 161 се водат како исчезнати

Вашингтон, 9 јули 2025 (МИА) – Гувернерот на Тексас, Грег Абот изјави дека во поплавите што ја погодија американската сојузна држава загинаа 109 луѓе, а 161 се водат како исчезнати.

Тој додаде дека продолжуваат спасувачките операции по исчезнатите лица, чиј број е многу поголем од првично објавените процени. Голем број туристи не се пријавени во хотели туку кампуваат на брегот на реката Гвадалупе, која се излеа на 4 јули.

Абот најави и дека претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија в петок ќе ја посетата поплавената област. ми/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан