Абдиџику: На Косово моментно му се потребни сите негови пријатели
- Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику на денешната средба со амбасадорот на Велика Британија во земјата, Николас Абот, изјави дека на Косово во моментов, кога се соочува со криза во северот на земјата и во односите со соседна Србија, „му се потребни сите негови пријатели“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Приштина, 7 јуни 2023 (МИА) – Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику на денешната средба со амбасадорот на Велика Британија во земјата, Николас Абот, изјави дека на Косово во моментов, кога се соочува со криза во северот на земјата и во односите со соседна Србија, „му се потребни сите негови пријатели“, јави дописникот на МИА од Приштина.
По повод критиките упатени од страна на ЕУ и САД до владата на Албин Курти за предизвикување тензии во општините со мнозинско српско население со испраќањето специјалци да ги обезбедуваат општинските објекти и градоначалниците Албанци против кои протестираат локалните Срби, Абдиџику изјави дека судирот на Курти со сојузниците „претставува стратешка девијација и дипломатска грешка со долгорочни последици“.
-Претседателот Абдиџику го запозна амбасадорот Абот со ставовите на ЛДК во однос на тензиите на север и нагласи дека, во моменти на тензии и провокации од страна Србија, за надминување на една ваква криза е неопходно да се дејствува во заедништво со сојузниците. Во овој момент на Косово му се потребни сите негови пријатели; судирот со нив претставува стратешка девијација и дипломатска грешка со долгорочни последици“, се вели во соопштението на ЛДК по средбата на опозицискиот лидер со британскиот дипломатски претставник.
Абдиџику се заблагодарил на амбасадорот Абот и на Велика Британија, како стратешки партнер, за улогата и придонесот во јакнењето и консолидацијата на косовската држава. иа/