Џозеф Аун: Либан комуницира со САД и Франција за израелско повлекување до 18 февруари
- Либанскиот претседател Џозеф Аун потврди денеска дека Бејрут комуницира со влијателни земји, особено со САД и Франција, за да се постигне соодветно решение за повлекување на израелските вооружени сили до 18 февруари, пренесоа либанските медиуми.

Бејрут, 13 февруари 2025 (МИА) - Либанскиот претседател Џозеф Аун потврди денеска дека Бејрут комуницира со влијателни земји, особено со САД и Франција, за да се постигне соодветно решение за повлекување на израелските вооружени сили до 18 февруари, пренесоа либанските медиуми.
-Сакаме да ја вратиме довербата на земјите и да ги охрабриме нашите браќа од арапските земји и земјите од Заливот да дојдат и да инвестираат во Либан, истакна Аун.
Претседателот денеска се сретна со Либанскиот синдикат на новинари. Тој посочи дека луѓето кои работат во медиумите мора сами да одлучат дали ќе имаат конструктивна или деструктивна улога, апелирајќи да придонесат за обнова и спас на државата.
Обраќајќи им се на медиумските професионалци, Аун ги повика да имаат конструктивна критика без предрасуди, бидејќи „конструктивната критика ја подобрува работата на властите“. мс/
фото: МИА архива