• петок, 05 декември 2025

Љутков и Николоски на панел за креативен туризам во рамки на „Недела на дизајн – Скопје 2025“

Љутков и Николоски на панел за креативен туризам во рамки на „Недела на дизајн – Скопје 2025“

Скопје, 12 ноември 2025 (МИА)  – Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе се обратат на првиот панел на конференцијата „Е-75 – Основа за развој на креативен туризам и негова одржливост“ кој ќе се одржи во Центарот за дизајн и иновации – Јавна соба.

Конференцијата е дел од Фестивалот за развој на креативните економии „Недела на дизајн – Скопје 2025“, кој има за цел да поттикне нови идеи и одржливи решенија во областа на туризмот и креативните индустрии.бк/

фото: принтскрин

Остани поврзан