• сабота, 22 февруари 2025

Јунајтед сака да се ослободи од Хојлунд

Јунајтед сака да се ослободи од Хојлунд

Манчестер, 11 февруари 2025 (МИА) - Манчестер Јунајтед е во многу тешка ситуација кога се во прашање резултатите, а овие околности би можеле да доведат до тоа Рубен Аморим на лето да направи целосна реорганизација на тимот.

Такво нешто може да се почуствува, а се ќе тргне од нападот каде португалскиот стручњак би сакал нова „деветка“.

Расмус Хојлунд пристигна како важно засилување за сегашноста, но и за иднината, сепак Јунајтед нема време да го чека. Така „црвените ѓаволи“ би можеле да го продадат Данецот на лето по само две години минати во клубот, а веќе одредиле и цена.

Јунајтед би бил задоволен со понуда од 40 милиони фунти за данскиот напаѓач. Дали тоа е малку или многу е прашањето, но дефинитивно е дека клубот од „Олд Трафорд“ сака напаѓач кој може постојано да постигнува голови. Јувентус се споменува како дестинација на Хојлунд.

Хојлунд навистина нема добри бројки оваа сезона. На 19 премиерлигашки натпревари има постигнато само два гола, па затоа е неопходно решение во нападот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан