Јужнокорејските власти го повлекуваат DeepSeek од локалните онлајн продавници за апликации
- Јужнокорејските власти објавија дека ја отстрануваат кинеската апликација за вештачка интелигенција DeepSeek од локалните онлајн продавници за апликации.

Сеул, 17 февруари 2025 (МИА) - Јужнокорејските власти објавија дека ја отстрануваат кинеската апликација за вештачка интелигенција DeepSeek од локалните онлајн продавници за апликации.
Мерката ќе биде во сила додека властите го испитаат начинот на кој кинеската компанија што ја создаде апликацијата управува со податоците на своите корисници.
Целта е да се заштитат личните податоци на корисниците. мс/
фото: МИА архива