• петок, 21 февруари 2025

Јувентус во последен момент одбил понуда на Манчестер Јунајтед за Даглас Луиз

Јувентус во последен момент одбил понуда на Манчестер Јунајтед за Даглас Луиз

Торино, 4 февруари 2025 (МИА) - Манчестер Јунајтед се обиде да го ангажира играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз во последните часови од зимскиот преоден рок.

Според „Тутоспорт“, „бјанконерите“ ја одбиле понудата бидејќи решиле да го задржат Бразилецот по трансферот на Николо Фаџоли во Фиорентина.

Даглас Луиз допрва треба да се наметне во Јувентус, а англиските медиуми минатиот месец тврдеа дека Манчестер Сити, Челси и Нотингем Форест, исто така, се обидуваат да го позајмат поранешниот играч на Астон Вила.

„Тутоспорт“ не открива кои биле финансиските аспекти на доцната понуда на Манчестер Јунајтед.

Од почетокот на сезоната, Даглас Луис има вкупно 19 настапи за Јуве во сите натпреварувања. 13 од нив беа во Серија „А“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан