• сабота, 21 февруари 2026

Јаневска: Наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата, Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР

Јаневска: Наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата, Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР

Скопје, 30 јануари 2026 (МИА) - Предлог-законот за високото образование в понеделник ќе биде поставен на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) за дискусија и давање предлози и сугестии. Тој е еден од пакетот три поврзани закони - покрај него, на ЕНЕР се очекува да бидат поставени и Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистражувачката дејност.

- Во моментот интерес во академската заедница најмногу предизвикуваат критериумите за избор во звања, финансирањето на универзитетите и можностите за напредување на целокупната академска заедница - изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на настанот за европската образовна програма „Еразмус+“ на Економскиот факултет при УКИМ. 

Таа најави и покачување на платите на наставниците во март во согласност со четиригодишниот договор меѓу Владата и СОНК.

- Така како што сме се договориле, не само за оваа година, туку во сите четири години, наставниците ќе добиваат зголемување на платата - мартовската плата, всушност во април, ќе биде покачена за 7,5 проценти - рече Јаневска. хс/са/ 

Фото: МИА 

Остани поврзан