Јакупоски и Улусој разговарале за унапредување на соработката во повеќе области
- -На средбата, која помина во пријателска атмосфера, беше потврдено традиционалното пријателство помеѓу двете страни, но и изразена силна подготвеност за подигнување на соработката на повисоко ниво, информираше Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за односи со јавноста во општината.
Дебар, 11 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Онер Јакупоски и турскиот амбасадор во нашата земја Фатих Улусој, на средбата во Ростуше, седиште на општината, разговарале за унапредување на соработката во повеќе области.
-На средбата, која помина во пријателска атмосфера, беше потврдено традиционалното пријателство помеѓу двете страни, но и изразена силна подготвеност за подигнување на соработката на повисоко ниво, информираше Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за односи со јавноста во општината.
Според него, главниот фокус на разговорите бил ставен на неколку клучни столбови за развој на овој регионот.
- Во секторот туризам стана збор за промоција на природните убавини на Маврово и Ростуше и привлекување на турски туристи и инвеститори. Во однос на образованието беше нагласена поддршка за образовните установи и можности за нови размени и проекти, рече Ибраими.
Посочи дека разговарано било за размена на искуства и поддршка во модернизација на локалната инфраструктура, проекти за посовремена општина, како и нови економски можности и партнерства со потенцијални турски инвеститори во општината.
Градоначалникот Јакупоски му се заблагодарил на амбасадорот Улусој за досегашната поддршка од Република Турција, истакнувајќи дека оваа посета е јасен сигнал за заедничката посветеност кон подобра иднина за сите граѓани на општината. вт/вј/
Фото: Општина Маврово и Ростуше