• среда, 22 април 2026

Средба Сали - Хрицова: Продлабочување на соработката во рамки на Реформската агенда

Средба Сали - Хрицова: Продлабочување на соработката во рамки на Реформската агенда

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Одличната билатерална соработка и континуираната поддршка од Словачка за европската интеграција на Северна Македонијабила потврдена на средбата на првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали и амбасадорката на Словачката Република во Северна Македонија, Ивета Хрицова, соопшти МЕП. 

На средбата била потврдена одличната билатерална соработка и континуираната поддршка од Словачка за европската интеграција на Северна Македонија. Министерот Сали изразил благодарност за досегашната поддршка, вклучително и во рамки на европските механизми за солидарност и справување со кризни ситуации.

Посебен акцент бил ставен на Реформската агенда (2024–2027), како клучна рамка за спроведување на реформите и искористување на можностите од Планот за раст на ЕУ.

-Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на развојната соработка, особено во рамки на SlovakAid програмата, како и за користење на инструментите како Twinning и TAIEX, кои се од значење за зајакнување на административните капацитети, велат од Министерството.

Во фокусот на разговорите била и размената на искуства во управување со ЕУ фондови, имајќи ја предвид експертизата на Словачка во оваа област.

Сали нагласил дека Министерството за европски прашања останува посветено на координација на реформите и обезбедување на поефикасна имплементација, со јасен фокус на резултати за граѓаните. сст/дма/

Фото: МЕП

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан