Јавна расправа за Четврта анализа на пазар на услуги во јавни мобилни електронски комуникациски мрежи
- Агенцијата за електронски комуникации отвори Јавна расправа за Четвртата анализа на пазар за пристап и започнување на услуги во јавни мобилни електронски комуникациски мрежи .
Скопје, 24 ноември 2025 (МИА) - Агенцијата за електронски комуникации отвори Јавна расправа за Четвртата анализа на пазар за пристап и започнување на услуги во јавни мобилни електронски комуникациски мрежи .
Сите заинтересирани субјекти можат да ги достават своите мислења и забелешки за нацрт документот најдоцна до 12 декември годинава.
- Основната цел за спроведување на четвртата анализа на овој пазар е да се дефинира пазарот и услугите кои се обезбедуваат, да се определат операторите кои делуваат на овој пазар, да се определи дали пазарот е доволно конкурентен или се приближува кон состојба на ефективна конкуренција, дали постои оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој поседува економска моќ и капацитет да дејствува во забележителни размери независно од конкурентите и корисниците на тој пазар, односно да се определи дали на пазарот постои оператор или оператори со значителна пазарна моќ, велат од АЕК.
Анализата го опфаќа временскиот период од 01.01.2021 - 31.12.2024 година), кога во евиденцијата на АЕК се нотифицирани мобилните мрежни оператори на јавни мобилни комуникациски мрежи, Македонски Телеком АД Скопје и А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, како и виртуелните Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје, МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, ТРД РОБИ ДООЕЛ Штип и Греен Телекомуникации ДОО Прилеп.лв/вј/
Фото: МИА архива