• сабота, 21 февруари 2026

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Мелбурн, 22 јануари 2026 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Италијанецот Франческо Маестрели во второто коло на Австралија опен.

Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши во три сета - 6:3, 6:2 и 6:2.

Ѓоковиќ сервираше пет аса, направи четири двојни грешки и реализираше шест од 16 брејк топки. Неговиот противник сервираше десет аса, направи четири двојни грешки и реализираше една од петте брејк топки.

Во третото коло, 38-годишниот Србин ќе се соочи со Ботик ван де Зандшулп од Холандија.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 74,9 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан