• среда, 28 јануари 2026

Ѓоковиќ: Мусети беше многу подобар и требаше да победи, јас веќе бев на пат кон дома

Ѓоковиќ: Мусети беше многу подобар и требаше да победи, јас веќе бев на пат кон дома

Мелбурн, 28 јануари 2026 (МИА) - Новак Ѓоковиќ го коментира повлекувањето на Лоренцо Мусети во четврт-финалето на Австралија опен. Италијанецот го предаде мечот со Србинот поради повреда на бутен мускул при водство со 2:0 во сетови.

- Не знам што да кажам, освен што ми е навистина жал за него. Тој беше многу посилен во овој натпревар, јас веќе бев на пат кон дома. Но, вакви работи се случуваат во спортот. Ми се случило неколкупати. Не знам што да додадам. Му посакувам брзо закрепнување. Дефинитивно требаше да победи денес, рече Србинот по мечот.

Ѓоковиќ го одигра својот 1.400. натпревар во кариерата и ја забележа 1.168. победа за 13. полуфинале на АО.

Противник на Србинот во полуфиналето ќе биде победникот од мечот Јаник Синер (Италија) - Бен Шелтон (САД).

Во првото полуфинале ќе се соочат Карлос Алкараз (Шпанија) и Александар Зверев (Германија). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан