Шумските пожари во Лос Анџелес се целосно локализирани по три недели, соопштија властите во Калифорнија.

Лос Анџелес, 1 февруари 2025 (МИА) - Разорните шумски пожари во Лос Анџелес и неговата околина се целосно локализирани откако беа активни три недели, објавија властите во американската сојузна држава Калифорнија, јави ДПА.
Одделот за шумарство и противпожарна заштита во Калифорнија извести дека пожарот во западен Лос Анџелес и пожарот во близина на округот Пасадена се целосно локализирани.
На почетокот на јануари избувнаа повеќе шумски пожари во областа на Лос Анџелес, што се интензивираа и од силните ветрови и екстремно сувото време.
Пожарите на Палисадес и Итон беа најлоши. Тие уништија огромни површини и повеќе од 16.200 објекти. Бројот на потврдени жртви досега е 29 лица. зш/
фото ЕПА