• четврток, 26 декември 2024

Шумахер го напушта Мерцедес по крајот на сезоната во Формула 1

Шумахер го напушта Мерцедес по крајот на сезоната во Формула 1

Штутгарт, 28 ноември 2024 (МИА) - Тест возачот на Мерцедес, Мик Шумахер ќе го напушти тимот по завршувањето на актуелната Формула 1 сезона.

-Тимот може да потврди дека резервниот возач Мик Шумахер избра да се повлече од својата функција по завршувањето на сезоната 2024 година, се вели во соопштението на Мерцедес.

Шумахер, кој е син на седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, му се приклучи на Мерцедес во 2023 година. Тој ги помина последните две години како резервен возач, спроведувајќи неколку тестови на патеката за тимот. Сепак, тој никогаш не учествуваше на натпревари, како што се надеваше.

-И од неговите години во Формула 1 и од неговиот настап во Светскиот шампионат на издржливост, можеме да кажеме дека тој е возач од највисок калибар и кој заслужува да се натпреварува во најсилните првенства, изјави тимскиот шеф, Тото Волф .

Во 2021 и 2022 година, Мик Шумахер возеше за тимот на Хаас во Формула 1. дс

Фото: Архива

Остани поврзан