• понеделник, 12 јануари 2026

Штрак-Цимерман: ЕУ треба што поскоро да ја прогласи Револуционерната гарда на Иран за терористичка организација

Штрак-Цимерман: ЕУ треба што поскоро да ја прогласи Револуционерната гарда на Иран за терористичка организација

Стразбур, 12 јануари 2026 (МИА) - Претседателката на Комитетот за одбрана на Европскиот парламент, Мари-Агнес Штрак-Цимерман, денеска ја повика Европската унија што поскоро да ја прогласи Револуционерната гарда на Иран за терористичка група.

„Иранската револуционерна гарда треба што поскоро да биде додадена на списокот на терористички организации. Сериозен пропуст е што ова сè уште не се случило“, објави Штрак-Цимерман на социјалната мрежа X.

Европратеничката од редовите на германските либерали додаде дека тоа е можно „наспроти претходните тврдења“, и дека „сигурно има доволно докази за тоа“.

Според веб-страницата на Европскиот совет, на списокот на терористи од ЕУ се наоѓаат, меѓу другите организации, Исламската држава Ирак и Левант, Ал Каеда, Хамас и палестинскиот исламски Џихад.сд/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан