• петок, 15 мај 2026

Штип ќе поставува алармни системи низ училишта, но и 190 камери на јавни површини, за да се спречи вандализмот

Штип ќе поставува алармни системи низ училишта, но и 190 камери на јавни површини, за да се спречи вандализмот

Штип, 10 мај 2026 (МИА) - По вандализмот во најголемото Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во сите училишта освен што има видео надзор ќе бидат поставени и алармни системи, со цел да дополнително да се превенира против ваквите девијатни појави. Во ова училиште беа уништени смрт табли, компјутери, надгледни средства, а имало обид и да се поплави еден од катовите. 

-Видео надзор имаме на сите образовни институции, но дополнително за да се превенира и да се полесно идентификува и лоцира проблемот потребно е да бидат лоцирани алармни системи кои ќе сигнализираат и ќе овозможат да се спречи во иднина девијантна појава како што имавме во ООУ„Ванчо Прке”- вели Јорданов. 

Тој најави дека против ваквите вандалски појави низ градот ќе се постават и 190 безбедносни камери, а ќе бидат поставени пред институции, низ централното градско подрачје, пред училиштата и градинките, како и низ парковите. 

-Тоа што го планираме е и на јавните површини, на голем дел од пристапите до самите институции ќе се постват безбедносни камери кои верувам дека ќе служат на СВР-Штип, кога имаме ваков инцидент за полесно да се утврди сторителот и да се санкционира - изјави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

 За да се подигне свеста кај малолетниците за одговорно однесување, во наредниот период покрај техничките мерки, ќе се организираат обуки и работилници со родителите, наставниците, учениците. Целта е психолози и педагози да разговараат со сите, но  ќе зборуваат и за последиците од девијантното однесување и како тоа може да влијае врз нивниот живот.

Инаку, како што МИА претходно информираше штетите во училиштето „Ванчо Прќе“ се санирани и ова е прв ваков упад во едно штипско училиште.  вдј/лв/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан