Шредер за размените во НБА: Модерно ропство
- Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Денис Шродер остро го критикуваше НБА трејдот споредувајќи го со ропство.

Сан Франциско, 5 февруари 2025 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Денис Шродер остро го критикуваше НБА трејдот споредувајќи го со ропство.
- Ова личи на модерно ропство. Секој треба да одлучи каде ќе оди понатаму, дури и ако има договор во рака. Да, се разбира, заработуваме многу пари и можеме да ги издржуваме нашите семејства, но во одреден момент ни велат „утре не доаѓате на работа, ќе одите таму. Ова треба да се промени. Го тргуваа дури и Лука Дончиќ кој им донесе пари, финале. Тој изгуби многу финансиски средства со новиот договор поради промена на клубот. Од тука па натаму целата оваа работа станува уште полуда бидејќи никој во НБА не е безбеден. Дури и Стеф Кари веројатно не може да се чувствува спокојно, истакна Шредер.
Во неделата се случи сензационална размена при што Далас маверикс го испратија нивниот најдобар играч Лука Дончиќ во Лејкерси.
Словенецот за информациите за негов трансфер во Лос Анџелес не верувал во првиот момент и мислел дека се првоаприлска шега. зс/
Фото: ЕПА