Шпанија ја победи Германија и ќе игра против Италија во финалето на Дејвис купот
- Шпанија вечерва во Болоња ја победи Германија во полуфиналето на Дејвис купот.
Болоња, 22 ноември 2025 (МИА) - Шпанија вечерва во Болоња ја победи Германија во полуфиналето на Дејвис купот.
Вкупниот резултат е 2:1.
Пабло Карењо Буста го победи Јан-Ленард Штруф (6:4, 7:6), Хауме Мунар загуби од Александар Зверев (6:7 и 6:7), додека Марсел Гранолерс и Педро Мартинез ги победија Кевин Кравиец и Тим Пуец во мечот во двојки со (6:2, 3:6 и 6:3).
Шпанија се пласира во финалето на Дејвис купот, каде што ќе се соочи со Италија, победник на последните две изданија. зс/
Фото: ЕПА