• петок, 20 февруари 2026

Шмихал: Варшава и Киев се согласија да го зголемат капацитетот за снабдување со гас за Украина

Шмихал: Варшава и Киев се согласија да го зголемат капацитетот за снабдување со гас за Украина

Киев, 27 јануари 2026 (МИА) - Варшава и Киев се согласија да го зголемат капацитетот за снабдување со гас за Украина преку Полска, изјави денеска украинскиот министер за енергетика Денис Шмихал.

Полскиот оператор на мрежата за транспорт на гас „Гас-Систем“ и украинскиот оператор „Укртрансгас“ се согласија постепено да го зголемуваат капацитетот, почнувајќи од февруари 2026 година.

До крајот на април, капацитетот на оваа рута ќе се зголеми од 15,3 милиони на 18,4 милиони кубни метри дневно, напиша Шмихал на каналот „Телеграм“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан