Шин Бет спречи планиран трерористички напад врз автобус во Ерусалим
- Израелската безбедносна служба Шин Бет денеска соопшти дека спречила планиран терористички напад врз автобус во Ерусалим кон крајот на минатата година.

Ерусалим, 6 февруари 2025 (МИА) - Израелската безбедносна служба Шин Бет денеска соопшти дека спречила планиран терористички напад врз автобус во Ерусалим кон крајот на минатата година.
Во ноември и декември 2024 година, агентите на Шин Бет и израелските војници уапсија пет членови на терористичка група со седиште во Рамала, која беше составена од членови на Фатах и Хамас, и која планираше напад во контекст на војната во Газа, пишува Тајмс оф Израел.
За време на операцијата, Шин Бет запленила експлозивна направа што членовите на групата ја подготвиле за далечинско детонирање во внатрешноста на Израел, како и автоматска пушка „Карло“. Уапсени се Ахмад Џасар Али, Мундир Шеик Касем, Башир Авад, Омар Субах и Али Швеики. рп/
Фото: МИА архива