Шефчович: ЕУ ќе одговори цврсто и пропорционално на американските царини

Стразбур, 11 февруари 2025 (МИА) - ЕУ ќе одговори цврсто и пропорционално на тарифите воведени од САД, изјави денеска европскиот комесар за трговија и економска безбедност, Марош Шефчович, во говорот пред европратениците во Европскиот парламент во Стразбур.
„Длабоко жалиме за ова, според нас тарифите се неоправдани“, рече Шефчович. Според него, тарифите... не се од корист за потрошувачите бидејќи ќе доведат до повисоки цени и зголемена инфлација.
Сите губат од ова... Ги цениме најавените мерки, ќе одговориме цврсто и пропорционално, рече тој.
Подготвени сме за конструктивен дијалог, додаде еврокомесарот.
Светот станува се покомплексен и непредвидлив, а предизвиците бараат меѓународна соработка заснована на правила. Светската трговска организација мора да биде во центарот на потрагата по решенија. На бизнисот му треба чесност и јасни правила. Ќе ги држиме отворени сите канали за комуникација. ЕУ е подготвена за сите предизвици што може да се појават во областа на трговијата. Кога е потребно, ќе ја браниме нашата отвореност, индустрија и единствен пазар, посочи еврокомесарот. зш/