Шефот на ОН загрижен од замрзнувањето на помошта од САД
- „Генералниот секретар повикува да се разгледаат дополнителни исклучоци за да се обезбеди континуирана испорака на критичните развојни и хуманитарни активности“.

Њујорк, 27 јануари 2024 (МИА) - Шефот на ОН, Антонио Гутереш денеска изрази загриженост откако САД, најголемиот светски донатор на помош во странство, со новата администрација на Доналд Трамп, ја замрзнаа практично целата помош.
Гутереш „со загриженост ја забележува најавата за пауза на американската странска помош“, се вели во соопштението на неговиот портпарол.
„Генералниот секретар повикува да се разгледаат дополнителни исклучоци за да се обезбеди континуирана испорака на критичните развојни и хуманитарни активности“. зш/