• среда, 15 април 2026

Шест лица приведени во СВР Куманово, организирале борба на кучиња

Шест лица приведени во СВР Куманово, организирале борба на кучиња

Куманово, 24 март 2026 (МИА) - Шест лица се приведени во полицијата, бидејќи организирале борба на кучиња на подрачјето на Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.

Вчера во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Р.(34), А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од с. Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. ам/сст/

Фото МИА

Тагови

Остани поврзан