Шелтон трет полуфиналист на Австралија Опен
- Американскиот тенисер Бен Шелтон претпладнево го победи Италијанецот Лоренцо Сонего во четвртфиналето на Австралија опен со резултат 6:4, 7:5, 4:6 и 7:6 (7:4).

Мелбурн, 22 јануари 2025 (МИА) - Американскиот тенисер Бен Шелтон претпладнево го победи Италијанецот Лоренцо Сонего во четвртфиналето на Австралија опен со резултат 6:4, 7:5, 4:6 и 7:6 (7:4).
Мечот траеше 3 часа и 52 минути.
Дваесет и двегодишниот Американец имаше девет ас сервиси, четири двојни грешки и три конвертирани брејк топки од вкупно 11.
Шелтон во полуфиналето ќе се соочи со победникот од денешниот меч Јаник Синер (Италија) - Алекс Де Минаур (Австралија).
Во првото полуфинале на Грен слемот во Мелбурн ќе се соочат Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев. зс/
Фото: ЕПА