Шеесет и четиригодишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом
- Скопјанец на возраст од 64 години бил пронајден починат во неговиот дом во скопската населба Кисела Вода од страна на неговиот син, соопшти МВР.

Скопје, 8 февруари 2025 (МИА) -Скопјанец на возраст од 64 години бил пронајден починат во неговиот дом во скопската населба Кисела Вода од страна на неговиот син, соопшти МВР.
Како што наведуваат од МВР, вчера во 18.58 часот во СВР Скопје, Ј.С. пријавил дека во домот на подрачјето на Кисела Вода го пронашол починат неговиот татко Т.С.(64) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. вг/
Фото: МИА Архива