Шведската компанија „Волво“ се приклучува кон реализација и развој на средното стручно образование во Македонија
- Во средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје се воведува нова образовна квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила и наставата ќе се реализира во соработка со шведската автомобилска компанија „Волво Груп“. На почетокот, квалификацијата ќе се нуди како неформално образование за возрасни, а се очекува следната година да стане дел од системот на формално стручно образование, соопшти Министерството за образование и наука.
Скопје, 28 ноември 2025 (МИА) - Во средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје се воведува нова образовна квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила и наставата ќе се реализира во соработка со шведската автомобилска компанија „Волво Груп“. На почетокот, квалификацијата ќе се нуди како неформално образование за возрасни, а се очекува следната година да стане дел од системот на формално стручно образование, соопшти Министерството за образование и наука.
По овој повод денеска училиштето го посетиле министерката за образование и наука Весна Јаневска, шведската министерка за европски прашања Џесика Розенкрац и повеќе претставници на „Волво“, Амбасадата на Шведска и на швајцарската развојна организација „Хелветас“ и имале средба со училишното раководство, наставниците и учениците.

-Среќна сум што Македонија добива нови партнери во заложбите за континуиран развој на средното стручно образование, кое нема да биде скромно ако кажам дека е силна страна на националниот образовен систем и затоа мора да продолжи постојано да се надградува. Очекувам да има интерес за новата квалификација затоа што според регионално истражување таа е навистина побарувана и им благодарам на Кралството Шведска и Волво Груп што ќе помогнат во создавањето на квалитетен и потребен кадар во нашето стопанство, истакнала министерката Јаневска.
Нагласила дека Владата „останува посветена на развој на стручното образование, кое привлекува над 70 отсто од учениците во последните две генерации кои се запишуваат во прва година во средно образование, со фокус на дуалниот модел“.

-Квалификацијата специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила квалификацијата е овозможена преку склучен меморандум за соработка на Министерството за образование и наука и Швајцарската развојна организација Хелветас во рамки на регионалната програма RECONOMY, финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), наведува МОН во соопштението. хс/вј/
Министерство за образование и наука