• петок, 21 февруари 2025

Швајцарски кантони предупредуваат на ризичен „предизвик со парацетамол“ на ТикТок

Швајцарски кантони предупредуваат на ризичен „предизвик со парацетамол“ на ТикТок

Женева, 31 јануари 2025 (МИА) - Неколку кантони во западна Швајцарија предупредија на опасностите од „Парацетамол предизвикот“ што младите се почесто го изведуваат на социјалната мрежа ТикТок.

Како дел од „предизвикот“, млади и деца се предизвикуваат меѓусебно да земат високи дози од аналгетикот парацетамол, често со фатални последици, јави Свисинфо.

Здравствените власти во кантоните Фрибург, Јура и Вауд предупредија на ризиците од оваа практика и ги повикаа аптеките да бидат повнимателни кога го продаваат лекот на младите луѓе. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан