Четири кумановки не дозволиле да бидат измамени за наводни сообраќајни несреќи
- Четири повозрасни кумановки не дозволиле да бидат измамени за наводни сообраќајни несреќи, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера во СВР Куманово биле пријавени четири обиди за измами.
Куманово, 11 ноември 2025 (МИА) - Четири повозрасни кумановки не дозволиле да бидат измамени за наводни сообраќајни несреќи, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера во СВР Куманово биле пријавени четири обиди за измами.
- Според пријавеното на четири повозрасни жени едно лице им се јавило на телефон и им кажало дека членови од нивното семејство биле прегазени во сообраќајна несреќа и ќе биде потребна одредена сума на пари за операција, но тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција, соопшти СВР Куманово.
Кумановската полиција апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги. ам/мд/
Фото: МИА