• понеделник, 29 декември 2025

Четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ во МОБ

Четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ во МОБ

Скопје, 26 декември 2025 (МИА) - Македонската опера и балет за вечер најави четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II  која, како што наведува, следува по три одлични изведби. 

-„Лилјакот“ е светски позната оперета што ја слави радоста, музиката и ведрината на животот, со шармантни сцени, хумор и незаборавни арии. Оперетата ја освои публиката, која ја опиша како „возбудлива, духовита и емоционално живописна“ и која ја поздрави со овации и силни аплаузи. Оваа изведба, под диригентската палка на Бисера Чадловска и во режија на Љупка Јакимовска, нуди уште една можност за љубителите на уметноста да уживаат во празнична вечер исполнета со музика, раскош и многу смеа, соопшти МОБ. дма/хс/ 

Фото: МОБ

 

Остани поврзан