Во Кавадарци промовирана книгата ,,Враќањето од Делфи" од Тодор Богев
- Враќањето од Делфи", е насловена книгата од кавадаречкиот поет и писател Тодор Богев, издавач е Библиотека ,Феткин" од Кавадарци. Пред присутните на настанот вечерва во оваа културна установа, на промоцијата на делото, беше кажано дека главниот лик на романот, Благоја, е во своевидна аматерска, антрополошка потрага да најде одговор, на најкрупните прашања за физичката и ментална конструкција на човекот, за тоа каде се скриени неговите вистински моќи и капацитети.
Кавадарци, 16 јануари 2026 (МИА) - „Враќањето од Делфи", е насловена книгата од кавадаречкиот поет и писател Тодор Богев, издавач е Библиотека ,Феткин" од Кавадарци. Пред присутните на настанот вечерва во оваа културна установа, на промоцијата на делото, беше кажано дека главниот лик на романот, Благоја, е во своевидна аматерска, антрополошка потрага да најде одговор, на најкрупните прашања за физичката и ментална конструкција на човекот, за тоа каде се скриени неговите вистински моќи и капацитети.
- Но, тој таа потрага не ја прави настрана од секојдневниот живот, туку напротив токму низ него. Па така тој низ патот на таа негова животна потрага, оди низ интересни градови и места во Грција, Македонија, Хрватска, запознава нови и интересни луѓе, доживува несекојдневни моменти. Се со цел да ја задоволи својата, аматерска антрополошка љубопитност. Притоa ни во еден момент не ги запоставува, своите егзистенционални материјалистички потреби кои ги наметнува и диктира секојдневниот живот, споделија од библиотеката.

Настанот беше збогатен со читање на делови од книгата, читање на врвна македонска поезија, музичка изведба на македонска музика.
- Станува збор за културен настан, за духовно и културно уметничко доживување. Книга која зборува за парадоксот, дека, после преминувањето на некои точки од патот во нашиот живот, нештата драстично се менуваат и добиваат, сосема поинаков, поспецифичен тек. Книга за секојдневието, борбата за подобар живот, негување на интересот за духовност и потрага по смислата на животот. Таа потрага, главниот лик во романот Благоја, ке го оддалечи од неговиот роден град. И ке го прошета низ многубројни интересни градови и места. И ке го запознае со многубројни нови луге и животни средини, за краток временски период, откри претходно самиот автор. свд/лв/
фото: МИА