Четворица загинати во експлозија во трговски центар на Тајван

Тајпеј, 13 февруари 2025 (МИА) - Четири луѓе загинаа, а неколку други се повредени во експлозија во трговски центар во Тајван, соопштија локалните власти.
Експлозијата се случила во ресторан во трговски центар во градот Таичунг, централен Тајван, соопштија пожарникарите.
Локалот бил затворен поради реновирање во моментот на експлозијата. зш/
фото ЕПА