• среда, 07 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Честитка од министерот Минчев по повод Велигден

Честитка од министерот Минчев по повод Велигден

Скопје, 20 април 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати честитка по повод големиот христијански празник Велигден.

-Во духот на Велигденските празници, дозволете ми да Ви упатам најсрдечни честитки, со желби за здравје, радост и семејна хармонија. Велигден е празник на надежта, обновата и победата на животот. Тоа е време кога се потсетуваме на важноста на солидарноста, меѓусебното почитување и човечноста – вредности кои се водилка и во нашата работа во јавната администрација. Нека празничните денови Ви донесат мир, благосостојба и нова сила за соочување со сите предизвици. Христос воскресе!, стои во честитката од министерот Горан Минчев. вг/

Фото: МЈА

Остани поврзан