• четврток, 26 декември 2024

Челси без својот капитен барем до крајот на годината

Челси без својот капитен барем до крајот на годината

Лондон, 28 ноември 2024 (МИА) - Капитенот на Челси, Рис Џејмс ќе биде надвор од теренот околу месец и најверојатно нема да се врати пред Нова година, пишува „Дејли Телеграф“.

Пред неколку дена стана јасно дека дефанзивецот заработи нова повреда, а повторно се работи за истегнување. Тој веќе беше подложен на опсежни прегледи кои покажаа дека ќе му требаат уште најмалку четири недели за целосно закрепнување.

Џејмс во сезоната влезе со повреда, а потоа беше суспендиран на три натпревари, поради што досега оваа кампања има само четири настапи.

-Мислам дека во неговиот случај најдобро е да не се зборува многу. Колку повеќе се коментира, толку повеќе се зголемува притисокот врз него, изјави на темата менаџерот на „сините“, Енцо Мареска. дс

Фото: Архива

Остани поврзан