• петок, 05 декември 2025

Чај за зајакнување на имунитетот

Чај за зајакнување на имунитетот

Одбрани билки за природна поддршка на имунитетот.

 

 

          Состојки:
          (за 2 лица)

  • прстофат суво нане
  • прстофат сува жалфија
  • прстофат сува коприва
  • прстофат сува лаванда
  • прстофат цимет во прав
  • 4 сушени бобинки од смрека
  • 6 сушени шипки
  • 4 дл вода
  • 1 лимон
  • 1 портокал

 

Подготовка:

 Во аван истолчете ги бобинките од смрека и шипка. Додадете ги сувите состојки. Добро измијте го лимонот и портокалот, излупете ја кората и исечете ја на ленти или едноставно изрендајте ја. Ставете ги сите состојки во топла вода (освен корите од лимон и портокал) и оставете покриено 3-4 минути. Процедете го чајот во бокал или директно во чаша и додадете кори од лимон и портокал и засладете по желба. Ова е  количина за две лица. За повеќе лица, само двојно/тројно зголемете ја дозата.

 

 

Фото: Фрипик

Остани поврзан