ЦЕНТКОМ: Петмина борци на ИД убиени во Ирак
- Ирачките безбедносни сили поддржани од американските трупи елиминираа пет припадници на Исламска држава во ирачкиот регион Киркук, соопшти денеска американската Централна команда (ЦЕНТКОМ

Багдад, 4 февруари 2025 (МИА) – Ирачките безбедносни сили поддржани од американските трупи елиминираа пет припадници на Исламска држава во ирачкиот регион Киркук, соопшти денеска американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).
- Операцијата во северен Ирак во петокот (31 јануари) беше спроведена со прецизни воздушни напади, објави ЦЕНТКОМ на Икс.
ЦЕНТКОМ наведува дека по операцијата пронајдени се повеќе самоубиствени појаси со експлозив и други материјали.
Американските сили за време на операцијата обезбедиле техничка поддршка и разузнавачки информации.
ЦЕНТКОМ најави дека американските сили ќе продолжат да се борат против ИД во регионот „за заштита на татковината“. ми/
фото: МИА архива