• петок, 21 февруари 2025

Центар од Русија ќе игра за ТФТ

Центар од Русија ќе игра за ТФТ

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје се засили со рускиот центар Алекс Котов.

-Алекс е 208-сантиметарски крилен центар од Русија, кој играше во ВТБ лигата, а претходно настапуваше на НЦАА ниво со тимовите на универзитетите Кемпбел и Илиноис. Неговото искуство во елитни лиги го прави важен додаток на нашиот состав. Со силна физичка присутност и изразена одбрана, Алекс ќе донесе нова димензија во играта на ТФТ, соопштија од тимот. 

Оттаму додаваат дека неговата способност да игра на различни позиции ќе биде одличен ресурс за тимот. дс

Фото: Кошаркарски Клуб ТФТ АД Скопје

Остани поврзан